ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНЕЦОТ ДРОГРИШКИ ОД ТИКВЕШ СЕ СЕЛИ ВО ГРК ОХРИД

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки го засили амбициозниот Охрид предводен од Горан Андоновски.

Дрогришки доаѓа во Охрид од Тиквеш Кавадараци, каде што соработуваше со Андоновски и одлично ги познава неговите квалитети.

Оваа полусезона Дрогришки во Кавадарци немаше голема минутажа, па реши да ја промени средината и потпиша со Охрид до крајот на сезоната 2023/24. Дрогришки потекнува од Пелистер, а играше и за Металург и Еурофарм Работник.