ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ВО ПОРЕЧ ВО НАТПРЕВАР СО 74 ГОЛА

Ракометната репрезентација на Македонија го загуби пријателскиот натпревар од Хрватска во Пореч, тоа беше ефикасен дуел кој домаќините го добија со 40-34. Селекторот Лазаров им даде шанса на сите ракометари, а во Скопје заради оправдани причини останаа Кузманоски, Митревски и Талески.

Нападот функционираше на добро ниво, но ни недостасуваше одбрана, примивме дури 40 голови. По првите 30 минути беше 22-19. И вториот дел Хрватите го добија со три голови разлика, конечниот резултат гласеше 40-34.

Манасков со девет гола беше најефикасен, одлична партија пружи пружи и Кузмановски со осум, а на четири застана Јагуриновски. Кај Хрватите, Мартиновиќ белескаше со осум погодоци. Утревечер од 20:15, го играме вториот тест во Пореч, против Израел.