И без повредениот Сеад Хаџифејзовиќ, кошаркарите на Пелистер запишаа важна победа во АБА2 лигата и се доближија до целта – пласман меѓу осумте најдобри во лигата. Кошаркарите на Пелистер забележаа уште една победа во АБА2-лигата на балонот во Бања Лука, овојпат над директниот ривал за пласман во Ф8, црногорскиот претставник Сутјеска со резултат 77-75. Битолчани одиграа импресивен меч во кој целосно го контролираа резултатот, долго време имаа двоцифрена предност и заслужено се радуваа на победата.
Најефикасни во битолскиот табор беа Карпентер со 25 и Караџовски со 16 поени.
В недела од 12:00 часот следува последниот натпревар во Бања Лука, против српскиот претставник Златибор Чајетина.












