Миа Перевска ja одржа промоцијатa на видео-спотот за песната „Follow“ во Скопје. Таа е комплетен автор на песната, и е мулти-инструменталист со оглед на тоа што сите инструменти во својата музика ги свири сама. Исто така Миа е автор на текстот и со оглед на тоа што студира музичка продукција, одговорна е за миксот на песната и тоа во придружба на нејзиниот татко Никола Перевски – Пере, додека пак мастерингот е на Дарко Димитров.

Музиката во слика ја преточи Јован Куцин визуелизирајќи ја ви видеоспотот за „Follow“.
Песната „Follow“, како и спотот за истата е достапна на дигиталните платформи, а веќе овој викенд, на 4-ти февруари, Миа ќе настапи на годинешниот фестивал „Земјотрес“ кој традиционално ќе се одржи во МКЦ .













