ТЕРА

REKLAMA???

ОДБОЈКАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ СЕНЗАЦИОНАЛНО ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО НА КУПОТ

Двете најдобри екипи во женската второлигашка конкуренција обезбедија место во четвртфиналето на Купот со победи на гостински терен против тимови коишто сезонава настапуваат во елитното друштво. Одбојкарките на Пелистер волеј во четири сета славеа кај Струмица жени, а Младост УГД со 3-0 беше поуспешен од составот на Македонија Макс.

На другите натпревари од осминафиналето немаше неочекувани резултати, па бранителките на тронот од Работнички Скопје, Јанта волеј Кисела вода, Наковски волеј, Фит фан волеј, Вардар жени и Вардар ЕМ, исто така, обезбедија пласман во четвртфиналето на 15 февруари.