По објавувањето на еден од најзабележителните нови гитарски бендови Viagra Boys, владетелите на жестокиот, екстремен звук и годинава ќе го надополнат EXIT фестивалот и, од 6 до 9 јули, ќе го претворат во празник на метал, панк и рокенрол музиката! На Главната бина пристигнува Epica, еден од водечките светски симфо-метал состави од Холандија, како и белградскиот женски метал бенд Jenner, додека 23 нови имиња на култната Explosive бина ги предводат канадскиот Exciter и американскиотMassacre, потоа бразилските металци NervoChaos, мексиканската Armada, данскиотNight Fever, италијанскиот Violentor и многу други! Овие имиња се придружуваат на досега објавените хардкор панкери Wolfbrigade, панк-рок дивата Suzi Moon, британските легендиCockney Rejects, но и групите The Toasters иMortal Kombat, кои пристигнуваат на омиленатаFusion бина.
Во EXIT Универзумот слетува симфонискиот метал состав Epica, секстетот предводен од единствениот вокал на Simone Simons. Во своето музичко портфолио имаат осум студиски албуми, од кои половина се најдоа на листата топ 10 најпродавани во Холандија, додека албумите „Requiem for the Indifferent“ (2012) и „The Quantum Enigma“ (2014) достигнаа меѓународна препознатливост и се најдоа на американската Билборд 200 топ листа. Зад себе имаат и Music Export Awards награда, која во 2015 им е доделена за најуспешен интернационално признат холандски бенд, додека албумот „The Holographic Principle“ од 2016година се најде на десеттото место на Loudersound топ листата за најдобри симфо-метал изданија. НаГлавната бина им се придружуваат и треш металките, белградската група Jenner, чиј албум „To Live is to Suffer“ ги собра позитивните критики ширум светот, а го објави француската „Infernö Records“.
Гитарскиот храм на EXIT, култната Explosive бина, ќе ја затресат нови 23 најжестоки хардкор, метал и панк бендови од различни краеви на светот. За прв пат ќе настапи легендарниот канадски состав Exciter, пионерите на спид-метал жанрот со музичка кариера долга речиси половина век и американскиот Massacre, чиј дебитантски албум „From Beyond“ ги постави дефинициите и насоките за дет-метал правецот. Им се придружува и бразилскиот бенд NervoChaos, кој со сингловите „Son of Sin“, „Torn Apart“ и„Taphephobia“ го најави претстојниот, единаесетти студиски албум „Chthonic Wrath“, како и мексиканските металци Armada, италијанците Violentor и данскиот хардкор-панк бенд Night Fever, додека Sacred Reich сепак нема да настапи.
Покрај гитарскиот звук и жестокиот андерграунд, кој го предводат групите Viagra Boys, Epica, Cockney Rejects, The Toasters, Jenner, Wolfbrigade, Exciter, Massacre, Suzi Moon и многу други, за мултижанровско искуство на EXIT фестивал ќе придонесат највлијателниот електронски панк состав на сите времиња The Prodigy, хип-хоп боговите Wu-Tang Clan, повеќекратниот добитник на „Греми“ наградите Skrillex, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Sofi Tukker, Claptone, Chase & Status, најбараните изведувачи на електронската сцена, колективотKeinemusik, дуото CamelPhat, Indira Paganotto, Hot Since 82, LF System, Vintage Culture и многу други.
EXIT фестивалот ќе биде одржан од 6 до 9 јули на Петроварадинската тврдина. Фестивалските влезници се достапни, а можат да се купат на фестивалската веб-страница, како и преку македонскиот сервис за билети mktickets.mk .


















