ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕДАВАЊЕ ВО ЗАГРЕБ „ЖЕНАТА ВО МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА“

Во библиотеката „Богдан Огризовиќ“ во Загреб се одржа предавањето „Жените во македонската песна“, каде настапија вокалните групи „Моми бисерни“ и „Езерки“ кои пееја македонски песни посветени на жената. Предавањето го одржа  Јудита Реј Худечек. Темата беше посветена на статусот на жената во различните македонски песни. Во месецот кој е посветен на жената, Худечек ги воведе присутните во темите поврзани со македонските жени, нивните стории овековечени во познатите песни, спецификите и улогата на жената во македонската историја, која се споменува не само во книгите, туку се вечно забележани низ песната.

Професорката по биологија Бранкица Богатинов прочита песна за жените. Организатор беше претставничката на македонското национално малцинство од Загребската жупанија, Лена Џапиќ, со поддршка на Загрепската жупанија и Хрватско-македонското друштво.

Јудита Реј Худечек е родена во 1949 година во Сисак, дипломирала во гимназијата „Есад Миџиќ“ во Приједор, Босна и Херцеговина, а дипломирала германистика на Универзитетот „Кирил и Метод“ во Скопје, Македонија. Таа посветува голем дел од своето време на работа со лица со посебни потреби. Пропатувала низ многу земји и запознала многу култури, но како што вели најубавите денови ги поминала во Македонија. Автор е на книгите: „Жената во македонска песна“, „Виното нè врзува и обединува“. Нејзината „Приказна за Екек“ првично беше напишана на есперанто и беше вклучена во двојазичната Мала антологија на боливиската литература.