ТЕРА

REKLAMA???

МУАБЕТ-НОВА ПЕСНА НА КОКИ ЈАНКОВ

Никола Коки Јанков – многу добро ни е познат уште од времето на популарното дуо „Дуле и Коки“ и нивниот голем хит „Виолина и гитара“, по подолга естрадна пауза промовира нова песна, насловена „Муабет“. Музиката и текстот ги напишал самиот Коки. Гитарата е на Горан Алиќ. Аранжманот е дело на Дејан Георгиевски-Ѕене.

Иако Коки не направи стандардна официјална промоција за новинарите, песната може веќе да се слушне на Јутјуб каналот. Спотот е во режија на проверениот мајстор на спотовите –Дарио Јанковиќ.

„Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота… Лесно е денес да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и наречете го тоа песна“ – вели Јанков, а на прашањето дали е ова можеби негова автобиографска песни, тој ќе каже: „Не би сакал да откријам, ете вие сами процнете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас“ .