ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА АКТЕРОТ ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ

Почина Димче Мешковски, македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77 годишна возраст.

Беше актер во Драмскиот театар – Скопје. Реализирал  улоги во многу театарски претстави, како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии, како „Македонски народни приказни“, радиодрами и хумористични серии, меѓу кои и „Хихирику“, и играни филмови, како „Викенд на мртовци“.

Својот глас го позајмувал и при синхронизацијата на цртани филмови, меѓу кои и Гаргамел во „Штрумфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Тој е татко на познатата македонска пливачка Наташа Мешковска. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28. март во 12 часот.