ТЕРА

REKLAMA???

АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА НОКАУТ ВО БИТОЛА

Нокаут одржаа акустичен концерт во Центарот за култура Битола. „Во Битола секогаш со задоволство се враќаме“, истакнаа после концертот членовите на групата. Имено тие оваа година одбележуваат 26 години постоење. 26 години македонска музика, интеракција со фановите, настапи, концерти, турнеи, 26 години славење на животот и љубовта.

„Оваа приказна продолжува понатаму“, истакнуваат од Нокут. „Знаеш каде да ме најдеш“, „Временска машина“, „Лебедот бел“, „За нас“, „1000 причини за крај“ и многу други, се само дел од безвременските хитови на Нокаут. Оваа група е формирана во 1997 година.

Повторно се реактивираат во 2003 тата со изменет состав во кој учествуваат: Никола Перевски, Благоја Антовски, Горјан Петровски, Бојан Перевски, Борче Кузмановски, Горан Кавраков, Виктор Николовски. Фотографии: Ивона Кочов.