ТЕРА

REKLAMA???

„ЗНАМ“-НОВА ПЕСНА НА КАЛИОПИ И ЖЕЉКО САМАРЏИЌ

„Знам“ е насловот на дуетската песна на Калиопи и нејзиниот српски колега Жељко Самарџиќ. Соработката всушност значи и заокружување на четиридецениското пријателство, а интересно е дека песната е авторско дело на поранешниот сопруг на Калиопи, Ромео Грил.

„Штом ја слушнав песната за прв пат, сфатив дека тоа е повеќе од песна. Такво чувство ми се случи кога првпат ги слушнав „Бато“ и „Црно и бело“, сега ми се случува кога ја слушнав „Знам“, рекла Калиопи со солзи во очите на промоцијата во Белград.

Песната ја има и видеоприказната, а целиот овој мошне добро сработен нов материјал, ќе биде промовиран и во Скопје.Ромео е автор на повеќето хитови на Калиопи, вклучувајќи го и евровизискиот хит „Црно и бело“.