Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, Сојузот на борци и претставници на политичките партии, денес, по повод 9 Мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, оддавајќи почит кон борците од Народно ослободителната борба, положија свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Како дел од активностите за одбележување на Денот на Европа, пред три дена во Битола, беше отворена Европската куќа, каде младите луѓе ќе можат да разговараат за прашања од нивни интерес, но и за теми поврзани со европската иднина на државата.
„Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа годинава ги одбележуваме во знакот на младите! велат од СДСМ.
Делегација на Локалниот клуб на СДММ, кој денес слави 31 година од формирањето, положи цвеќе на Споменикот на НОАВМ на Плоштадот „Гоце Делчев“.
„Слава им на паднатите борци за слободна и независна Македонија“.













