ТЕРА

REKLAMA???

КУЛТУРНИТЕ ВРСКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И РОМАНИЈА

Романскиот културен институт, преку Одделението за историски заедници при Генералниот директорат за претставништва во странство и историските заедници, во Офицерскиот дом во Битола организираше културна манифестација „Културни врски Романија – Република Северна Македонија: ароманска музика и браќата Манаки“.

Се обрати и амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте, која зборуваше за односите мегу двете држави.

Се одржаат предавања посветени на неколку теми од специјалисти по лингвистика, историја и култура на Балканот: – Браќата Манаки: „Номадите на Балканот. Еден век подоцна“ – универзитетски професор д-р Каталин Д. Константин, продекан на Факултетот за литература на Универзитетот во Букурешт, предавање на кое беа презентирани аспекти од дејноста на браќата Манаки.

„Архивски документи за Јоан Д. (Јанаки) Манаки“ – д-р Емил Циркомнику, научен истражувач, Институт за етнографија и фолклор „Ц. Браилоиу“, предавање на кое беа презентирани архивски документи неодамна откриени во архивата на Македо-романското културно друштво за браќата Манаки;

Научната студија за ароманскиот: „Јазично наследство на ароманскиот“ – д-р Мануела Невачи – „Културно наследство на ароманскиот“ – Кармен Ирина Флоареа, двете научни истражувачи, Лингвистички институт „Иоргу Јордан – Александру Росети“ на Романската академија.

Настанот, кој е посветен на браќата Манаки и на ароманската музика, опфати музички рецитал.

Партнери се Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија, Информативниот центар на Романија во Скопје, Културно-информативниот центар Битола, Влашкото културно друштво, Лига на Власите, Здружението „Браќа Манаки“ од Битола и Македо-Романско Друштво за култура од Романија.