Се случи промоцијата на битолскиот градски водич „Bitola City Guide“. Станува збор за едноставен, практичен и корисен градски водич кој ќе биде од исклучителна помош за сите домашни и странски туристи кои ќе ја посетат Битола, рекоа од Здружението за развој на туризмот и угостителството „Дојди види уживај“.

„Нашиот концепт е “Bitola City Guide 2023“ да биде туристички водич на Битола затоа што град има голем број туристи, меѓутоа недостигаше една информација каде тие туристи можат квалитетно да го поминат времето и да се органираат пред да дојдат тука. Целта на овој туристички водич е да се вмрежат сите бизниси кои индиректно или директно се поврзани со туризмот, но исто така, сите страни, туристите и давателите на услуги да бидат задоволни, рече Горан Спировски, туристички работник.
Овај битолски градски водич е достапен и како мобилна апликација и во печатена верзија. Мобилната апликација е лесна и едноставна за симнување, достапна е на двата оперативни системи и за Android оперативниот систем и на IOS оперативниот систем. Печатената пак верзија е брошура со две мапи, на градот Битола и на Националниот парк Пелистер.

„Печатената верзија има 12 илјади примероци. Брошурата содржи неколку категории, општи информации за градот, кратка историја, што треба да се посети и комерцијалниот дел кој е поделен во категории од сместувачки капацитети, угостителски капацитетите, тури кои се нудат, останати сервиси и се друго што сметаме дека е важна информација. Брошурата ќе ја има на повеќе атрактивни локации низ градот, каде што најмногу се движат туристите“, рече Горан Пинза, туристички работник.
12 илјади примероци од брошурата ќе бидат распределени на 50-тина локации низ градот и регионот каде најчесто престојуваат или поминуваат туристите. И апликацијата и брошуата се бесплатни, така што туристите ќе можат да ја задржат за себе и да ја користат при повторно доаѓање во нашиот град. Од Зружението „Дојди види уживај “најавија дека во следниот период овај градски водич ќе биде достапен и на македонски јазик, како и на други светски јазици.












