На големата сцена во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ премиерно беше изведена претставата „Лепа Ангелина“, по текст на македонскиот автор Благој Ристески Платнар во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.

Платнар по втор пат се поставува на македонската театарска сцена, по неговата праизведба пред 28 години, а велешкиот театарски ансамбл и целата екипа по претставата за одличната изведба од бројната публика добија долг аплауз.
Во улогата на Талија настапи Талија Настова, а во улогата на Болен Дојчин- Жарко Спасовски. Композитор на музиката е Сашко Костов, кој за време на претставата во живо ја изведе заедно со Орхидеја Дукова. Драматург е Катерина Момева, сценограф е Валентин Светозарев , а костимограф Андреј Ѓоргиевски Папаз,дизајн на плакат Филип Коруновски.

Режисерот Ѓоргиевски за медиумите појасни дека овој текст е голема инспирација и провокација, а вторпат работи со текстови на Благоја Ристоски Платнар. Првпат пред многу години во Прилепскиот театар го поставил „Летни Силјане“ од Платнар.
Овој текст на Платнар првпат беше изведен во 1995 година во Македонскиот народен театар, а во режија на Владимир Милчин.












