ТЕРА

REKLAMA???

СЕ БАРАШЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА МАСОВНИТЕ ПУКАЊА ВО СРБИЈА

Десетици илјади луѓе прошетаа низ централните улици на Белград и на крајот ја опколија зградата на Претседателството на Србија.

Одговорноста на властите за масовните пукања на почетокот на мај во Србија беше главното барање на говорниците на протестот „Србија против насилството“ во Белград.

Некои демонстранти оставија пораки и до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, односно на контролните пунктови во близина на Претседателството на Србија, како што претходно повикаа организаторите.

Десетици илјади граѓани дојдоа на собирот што го свика дел од опозицијата пред српското Собрание, незадоволни од реакцијата на властите по двете масовни убиства во кои загинаа 18 лица.

Се одржа и едноминутно молчење за жртвите на масовноста престрелки.

Насобраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Да се сретнеме со слободата“, „Посилни од насилството“, „Слобода или ништо“.

Дел од медиумите пишуваат дека имало над 50.000 луѓе.

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни престрелки се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако демонстрантите го соборија Слободан Милошевиќ од функцијата српски претседател во 2000 година, пишува Њујорк Тајмс.