Во свечената сала во КИЦ – Офицерски дом Битола, концерт одржа триото „Аура“. Истото го сочинуваат тројца реномирани македонски музичари уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски.

Сите тројца работат на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали, учествувале како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Холандија, Азија, Африка, Србија, Словенија.
Критиката ги нарекува „мајстори на своите инструменти“, а поради забележителните концерти по покана на реномирани меѓународни фестивали како „Охридско Лето“, „Скопско Лето“, „Златна лира“, Нишки фестивал и уште многу, многу други, несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.












