Градоначалниот на Битола, Тони Коњановски во изјава за медиумите зборуваше за проектот за нов кружен тек кај поранешната ветеринарна станица во Битола.
„Деновиве слушав манипулации околу тоа чиј е проектот. Проектот е на граѓаните на Битола. Тој не е ниту со парите на Талески, ниту со парите на Коњановски, ниту со парите на некој друг. Се работи за проект кој е изработен во јуни 2014 година како основен сообраќаен проект за промена на сообраќаен режим на двете раскрсници. Врз основа на правилници кои следат за сообраќај и за режим во таков дел на градот, со дијаметар предвиден онака како што треба да се одвива и автобуски сообраќај. Истиот сообраќаен проект е ревидиран 2014 година, подлежен е на ревизија од Институт за ревизија, значи од институција која тоа го ревидирала.
Понатаму завршена е и ревизија од Заводот за испитување на материјали од Скопје. Проектот е дел од програмата за уредување на градежно земјиште и тоа е нешто што е неопходно за тој дел од градот“ рече Коњановски.












