ТЕРА

REKLAMA???

ПОРОЈНИОТ ДОЖД ПОПЛАВИ УЛИЦИ ВО ПРИЛЕП

По поројниот дожд кој го зафати вчера Прилеп во временскиот период од 15.00 часот до 16.00 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини вода, дојде до полавување на улиците во централното градско подрачје со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот, информираат од Центарот за управување со кризи.

Со намалувањето на интензитетот на врнежите, состојбата се нормализира. Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работеа на расчистување на градските улици, а ЈП,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите од водата (ѓубре, земја и друго).

До синоќа немало интервенции за испумпување на вода од поплавени простории. Имало само една пријава, но заради ниското ниво на водата во просториите, ТППЕ Прилеп не интервенирала.

Според Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа во Прилеп наврнаа 52 л/м2 дожд.