Едно лице е застрелано утрово во основно училиште во Лукавац кај Тузла, а како што пренесуваат босанските медиуми, нема повредени деца, пишува порталот 360 степени.
Ученикот утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработени во училиштето. Тој застрелал еден наставник и тој е во тешка состојба.
Станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување, јавува „Дневни аваз“.
На Фејсбук се огласи градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ.
„Во престрелката што се случи во училиштето нема повредени деца. Ги молам сите родители да не паничат. Сторителот е малолетник кој веднаш е лишен од слобода“,напиша Делиќ.
фото: Дневни аваз











