ТЕРА

REKLAMA???

Битолски „Грин Тим“ опреми 28 од 49 нови комунални возила за општините

9 општини и град Скопје денеска добија вкупно 49 нови возила и специјализирана опрема за подобрување на комуналната хигиена. 28 од нив ги опреми битолската компанија ГРИН-ТИМ.

​Нови 49 возила и специјализирана опрема за комунална хигиена добиваат Градот Скопје и повеќе општини во земјава, како дел од проектот реализиран со поддршка на Светската банка.

Битолската компанија „Грин Тим“, чија основна дејност ни се еколошки и комунални услуги, кои ги изведуваме со сопствена механизација, целосно опреми 28 од овие возила, кои од денеска ќе станат дел од возниот парк на македонските општини.

Возилата се набавени согласно Договорот со „Каргомак“ и „Грин Тим“, велат од битолската компанија, којашто беше задолжена за надградба на специјализираните и мултифункционални возила.

​Вкупно се набавени 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани камиони, цистерни, и 21 мултифункционално возило, кои што треба да помогнат во чистење на улиците низ градот Скопје, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар, Велес, а со останатите проекти ќе има и за останатите општини.

„Набавката на нови 49 комунални возила за општините ќе помогне за подигнување на нивото на хигиена што е исклучително значајно за  подобрување на квалитетот на живот и урбаното живеење, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на промоцијата на новите возила во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалници и претставници на Светска банка.

Новите комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Како што информира Николоски, со 4,2 милиони евра преку Светска банка  набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.

Николоски најави дека со следните проекти коишто ќе ги реализраат ќе има комунални возила и за останатите општини.