ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАДНЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ОБЛАЧНОСТА

Утрово 7 степни на Попова Шапка, Маврови Анови, 10 Претор, Крушево, 11 Охрид, 12 Прилеп, Битола, Берово, 13 Крива Паланка, Тетово, 14 Виница, 15 Струмица, Штип, Дојран, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, 16 Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, 18 Скопје-Зајчев Рид.

Најмногу дожд 21 л/м2 наврна во Прилеп, Пожар, 15 Демир Капија, 7 Берово, 5 Претор, 4 Тополчани, Струмица, 3 Битола, Охрид, Пожаране, 2 Крива Паланка, Виница, Маврови Анови, 1 Ѓуриште.

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Во текот на ноќта и утрово имавме облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава понекаде дува слаб променлив ветер кој е повремено умерен во скопската котлина.

Денеска претпладне претежно облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува, а во југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.