ТЕРА

REKLAMA???

ДЕЛОВИ ОД САД ПОГОДЕНИ ОД ТОРНАДО

Торнадо погоди домови во градот Гринвуд во американската држава Индијана. Како што јавуваат медиумите торнадото зафати неколку окрузи јужно од Индијанаполис, при што едно лица загинало, а едно е повредено.

Торнадо го зафати и градот Матадор во северен Тексас, при што загинаа четири лица, повредени се неколкумина и оштетени се најмалку десетина згради, соопштија официјални лица.

Државниот метеоролошки завод издаде предупредување за торнадо кое се движи кон Матадор околу осум часот навечер и ги повика жителите да се засолнат.

Едно или повеќе торнада го погодија градот Перитон, Тексас минатата недела, при што загинаа најмалку три лица, а десетици беа повредени. Стотици домови, од кои многу беа во паркови за приколки, беа оштетени или уништени.