ТЕРА

REKLAMA???

ПОЗНАТИ ИЗВЕДУВАЧИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ЕХ ТАА СЕРЕНАДА“

Битола и се враќа на традицијата на серенадата, па така на 24. август во Офицерскиот дом, на отворено, на платото, ќе се одржи фестивалот “Ех, таа серенада“.

Откако претходно организаторот Културно информативниот центар од Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст), сега ги објави и имињата на изведувачите кои ќе ги испеат 16-те одбрани серенади:Софија Кочовска, Раде Стаматов, Сефедин Бајрамов, трио “Џентлмен“, Билјана Дамјановска – Јанчевска, група “Боеми“, Димитар Андоновски, Никола Зацевски и Ирена Димовска, како и  Драган Мијалковски, Игор Илиевски, Перо Христов, Мишко Крстевски, Катерина Таневска, Христијан Таневски, Елена Георгивска и Ламбе Алабаковски.

Претходно комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 16 од пристигнатите 73 композиции,  на конкурсот се пријавиле еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.