ТЕРА

REKLAMA???

ОВОЈ РЕБАЛАНС СООДВЕТСТВУВА НА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Овој ребаланс на буџетот на општина Битола, комплетно соодветствува на потребите на граѓаните и на развојната визија за Битола, рече советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Ѓоргиевска.

„Ако социјалните услуги се обврзавме, дека ќе ги креираме според потребите на граѓаните со овој ребаланс оддвојуваме еден милион днари за патни трошоци на лицата со ретки болести. Исто така, во овој дел обезбедуваме, како единствена општина во државава, да функционира Регионален советодавен центар за жртвите на семејно и родово базирано насилство, а за тоа оддвојуваме уште петстотини илјади денари, а вкупната финансиска конструкција е еден милион денари. Оддвојуваме и петстотини илјади денари за сместување на бездомници.

Се обврзавме пред Вас, почитувани граѓани дека Битола ќе добие нов генерален урбанистички план, соодветен на потребите за нејзин брз и одржлив економски развој, нови инвестиции и нови работни места, но истовремено интервениравме инфраструктурно и во населбата Баир, во рамките на проектот Баир – здружена акција. За оваа намена со овој ребаланс издвојуваме 5 милиони 227 илјади и петстотини денари, како обврска од нашиот дел за кофинансирање.

Два и пол милиони денари оддвојуваме со овој ребаланс за Студенскиот парк, во соработка со битолскиот универзитет. Повеќе од четири милиони денари со овој ребаланс се обезбедуваат за Новиот парк во Нова Битола.

3 милиони денари издвојуваме со овој ребаланс за реновирање на Копанки, а поддршката за спортска Битола и Битола град на спортски титули и првенци ја поддржуваме со 30 милиони денари за ракометниот, кошаркакрскиот и фудбалскиот спорт.

Почитувани граѓани, сигурни сме дека одговорните и совесни советници ќе најдат сили и разбирање, ќе ги надминат своите тесно партиски интереси и ќе го поддржат овој ребеланс за доброто на Битола“ рече Ѓоргиевска.