ТЕРА

REKLAMA???

„ПРВИТЕ ТРИЕСЕТ“ -АЛБУМ НА ИГОР ЏАМБАЗОВ И ИГОР АТАНАСОСКИ ХАРЕ

Игор Џамбазов и Игор Атанасовски – Харе се дуо кое не само приватно туку и професионално воспоставува критеруми за музички и поетски квалитетен производ кој веќе 30 години живее и расте кај нас. 

Неодамна го промовираа новиот албум насловен „Првите триесет“, промоција која имаше мошне голем одзив и по присутноста и по медиумската прашина што се крена, од компилацијата најдобри нивни остварувања .Албумот ја содржи музиката која Игор и Харе ја созадавале изминатите три децении.

„Јас, Игор и Мите заедно одлучувавме за изборот на песните на албумот. Не беше лесно, имавме околу 50 песни на хартија на почетокот и од тие 50, полека, полека селектиравме. Сакавме слушателот да има целосна приказна кога ќе го пушти цедето, наредено е како една приказна за сѐ она што сме го сработиле“, истакна Харе.

За изборот на песните, тие велат, дека многу внимателно го правеле со цел да одберат песни, кои на некој начин ќе го отсликаат целиот период во кој создавале музика, пред сѐ, за своја душа и уживање, од самиот почеток, па сѐ до денес.Низ годините соработувале со многу наши истакнати музичари, кои дале придонес за градење на блуз култрата во Македонија.

Паралелно промовираа и нов сингл , темата стара добро позната, особено кај онаа повозрасната публика, затоа што „Ако умрам ил загинам“ на легендарниот Јонче Христовски е вистински фолк евергрин кој Џамбазов и Харе покажаа дека може да звучи и сосема поинаку, како смут лајт џез.