Во Офицерскиот дом се одржа промоција на романот „Ако се родат некакви чувства“ на авторот Блаже Миневски. Промоцијата ја поддржа и Драган Мијалковски кој ја исполни песната која после 130 години, а можеби и повеќе, за прв пат овие двајца успеаја да ја состават.Тоа е песна која секогаш ја пеел македонскиот револуционер Гоце Делчев и била неговата омилена.

Романот на Миневски зборува за чувствителноста на литературата и прагматизмот на историјата.
Македонскиот писател Блаже Миневски не е ново и непознато име во однос на овој вид на македонската литература. Тој веќе истражувал и објавувал фељтони, како што е ексклузивниот фељтон во пет продолженија посветен на балканскиот лингвистички Моцарт – Мисирков од Македонија и во Светот.Фељтонот е базиран на познатата драма на Јордан Плевнеш „Последниот ден на Мисирков“ со предговор на академик Георги Старделов, и нејзиното прво презентирање за време на Интернационалниот симпозиум по повод стогодишнината од објавувањето на делото „За македонцките работи“ од Мисирков, организиран од МАНУ во Скопје 2003 година.

„Како роман почна да созрева, да се пишува дури кога случајно ја сретнав правнуката на Јанка и кога таа почна да ми праќа такви материјали од нејзината прабаба коишто до тогаш ги немав видено ниту пак можев да претпоставам дека постојат“, истакна авторот за време на промоцијата на романот, во свечената сала на КИЦ – Офицерскиот дом во Битола.
Романот го издаде издавачката куќа на Раде Силјан, додека Драган Мијалковски им ја испеа песната „Кукни кукавице“.Промотор на романот беше македонската поетеса и научен истражувач во областа на литереатура и педагогија, Милица Радевска.












