ТЕРА

REKLAMA???

ДЕМАНТ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ НА ДИРЕКТОРКАТА НА ЗОО БИТОЛА

Со сензационалистичка прес конференција, локалната СДСМ уште еднаш по кој знае кој пат се обиде да привлече внимание во јавноста, но успеа само да биде предмет на потсмев од истата таа јавност, се вели во демантот на прес конференцијата од СДСМ на директорката на ЗОО Битола Елена Мирчевска.

„Така, СДСМ се обиде да им објасни на битолчани како во Зоолошката градина се случува крајот на светот, но не чесно и директно туку божем поставувајќи прашања поставени од посетители на ЗОО градината.

Но, СДСМ следејќи ги советите на своите спин доктори како да клеветат, а да не се изложат на тужба, заборавија на очигледното:

-ЗОО градината е јавна установа отворена за вистинската јавност секој ден. Кај нас секој ден доаѓаат вистинските граѓани кои можат да забележат дека ЗОО градина работи попожртвувано и подомаќински од кога било иако е заборавена од сите надлежни институции. Но од СДСМ изгледа заборавиле дека се централна власт, а изгледа и долго не биле во градината;

-ЗОО градината е институција во надлежност и на Министерство за култура па ако тука е таков ужас, барем половината е на нивната сопартијка;

-ЗОО градината е отворена 7 дена во неделата, лето и зима. Битолчани ги знаат нашите предизвици а ние ги знаеме нивните желби. Се гледаме во очи секој ден и едни во други гледаме наша жртва и нивна желба ЗОО градината да живее, да не потклекне на тие што сакаат да ја нема.

-ЗОО градина за животните  јавно и транспарентно обезбедува доволно храна од прва класа во законска постапка и притоа одржува постојани резерви.

-ЗОО градина ја одржуваат двапати помалку вработени отколку што е потребно. Сите вработени постојано се прашуваме зошто надлежните министерства не дозволуваат неопходни вработувања.

Но сепак тие малку вработени успеваат, не се откажуваме. Ние за разлика од нив всушност сакаме животни и не ни смета да чистиме по нив.

-ЗОО градина постапува по сите одлуки на УО. Таква одлука е и јавниот оглас за обезбедување на забавна дејност во градината кој е отворен и на кој може секој да се пријави. Таа содржина ЗОО градината ќе продолжи да ја има.

-ЗОО градина редовно едно по едно реновира и обновува живеалишта без ниту еден денар трошок за буџетот со обезбедени донации. Ако се прашуваме ние би ја реконструирале целата градина одеднаш и веќе ќе нема дотраени живеалишта, но функционираме со тоа што ни го дава буџетот и буквално од едно правиме две“, вели во демантот директорката Мирчевска.