Најмасовниот летен музички фестивал во Охрид ги исполни музичките желби и очекувања од светот на електронската музика на сите посетители. Ohrid Calling оваа година на менито понуди шаренолика и интригантна музичка програма која ја “загреа” атмосферата во веќе востановениот бастион на добра забава и електронска музика касарната во Охрид.

Оваа година посетителите ги пречека уште едно извонредно фестивалско издание со комбинација на стари фестивалски фаворити и возбудливи премиери.Од тропските dance-pop звуци на хитмејкерот Jonas Blue и неговиот прв настап на Балканот, динамичната и заразна продукција на Morten кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера, до возбудливите настапи на легендарниот Steve Aoki и лудата енергија на Salvatore Ganacci кој за прв пат дојде во 2018 како анонимен а денес е премиум DJ кој настапува на сите големи светски фестивали. Покрај нив, со заслужено место на овогодинешниот лајнап се најдоа и Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Hørger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Jana Slayy и Tasev.

Охрид и Авалон продукција беа домаќини на бројни светски и домашни артисти од електронската музичка сцена кои настапија на бината на Ohrid Calling 2023 и приредија повеќе дневна незаборавна забава која дефинитивно ќе остане врежана во мемориите на бројните посетители желни за добар звук.













