ТЕРА

REKLAMA???

ОХРИД ЖИЛАВО ПАРИРАШЕ, НО ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПОБЕДИ ВО ТЕСТ МЕЧ ВО БИТОЛА

Пријателски натпревар
Еурофарм Пелистер – Охрид 30-23 (15-13)

Екипите на Еурофарм Пелистер и Охрид одиграа пријателски натпревар, во кој битолчани славеа со резултат 30-23 (15-13). Домаќинот покажа дека е подобра екипа уште во првото полувреме кое го доби со два гола разлика, а шампион тоа го потврди во вторите триесет минути.

Еурофарм Пелистер ја зголемуваше предноста, која на крајот беше седум голови разлика. Тренерскиот тандем Јовиќ и Шундовски им даде шанса на сите ракометари кои беа на клупата. Најефикасен во победничкиот тим беа Цветан Кузманоски со шест, односно Борзаш со пет голови, а уште по три постигнаа Петровиќ и Ѓорговски.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Гедбан, Нилсен 2, Кузманоски 6, Костески 2, Борзаш 5, Кисум 1, Васиљев, Петровиќ 3, Цехте 3, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ, Пет. Атанасијевиќ 1, Стевановиќ, Танкоски 2, Ѓорговски 3, Дејвис, Сери
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 4 минути

Охрид:
Ѓоргоски, Бркиќ, Ристевски, Орјаканидѕе 1, Бојаниќ 3, Ојлески 1, Сафренко, Шешиќ 3, Цирар 9, Дрогришки, Крстески, Стоилевски, Тасески 3, Андоноски, Кукоски, Шипинкоски 1, Каракоч 2
Седмерци: 8/8
Исклучувања: 2 минути

Пелистерци в петок заминуваат во Србија, каде што ќе одиграат пријателски натпревар против Партизан.