Македонската одбојкарска репрезентација со победа го отвори настапот на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски со триумфот над Данска од 3-1 по сетови 22-25, 25-22, 25-29, 25-22 го направија првиот чекор кон пласман во елиминациската рунда на континенталниот шампионат.
Првото коло од оваа група ќе биде комплетирано в четврток со натпреварите: Црна Гора – Холандија (17:00 часот) и Полска – Чешка (20:00 часот). Вториот меч избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе го имаат на втори септември од 20:00 часот против селекцијата на Црна Гора.












