ТЕРА

REKLAMA???

40 ГОДИНИ БЕЗ САШКА ПЕТКОВСКА

Мек, кадифен глас, грациозна фигура и препознатлива руса коса стилизирана во духот на  70-тите, беа заштитиниот знак на една од најблескавите икони на македонската музичка сцена  – Сашка Петковска.

Се чини нема човек роден минатиот век, кој барем на некој начин не дошол во допир со нејзината музика и не се сеќава на барем два три стиха од „Бакни ме“, „Сеќавања“, „Чао адио“…  Овие носталгични напеви  се цврсто вплетени во нашата музичка меморија  и будат убави спомени на првите прославени родендени, нови години поминати пред ТВ приемниците, на едно поинакво време… Сашка Петковска беше нашата прва естрадна дива, прва извонредно стилизирана убавица, прва „барбика“ со која девојчињата толку радо се идентификуваа.

На 31 август се навршија  40 години од прераната трагична смрт на Сашка Петковска и забележувам дека се почесто, и со многу љубов и сентименталност си ги пуштам и си ги потпевнувам  нејзините песни. Љубопитно ги  потпрашувам и пријателите дали и како ја паметат и добивам најразлични одговори:

„Не ја паметам многу, ама гласот ѝ го препознавам.“, Ана.

„Најелегнатната македонска русокоса  со најслична фризура на Кристал од ‘Династија’ . Нејзината коса некако ми ја доловуваше нејзината есенција“, Ема.

„И глас и стас! Класа од жена. Сашка беше македонската Шаде, кога ќе подразмислам… Сите песни и беа преубави и романтичи и беше единствена според гласот и интерпретацијата… , Билјана

Музичката новинарка и публицистка  Бранка Костиќ Марковиќ ја карактеризира Петковска како вонсериски изведувач со униктен стил:  За жал, немав можност лично да ја запознам Сашка за време на нејзиниот кус, но плоден музички живот. Ја запознавав посредно, преку нејзината музика и преку приказните на луѓето кои имале можност да соработуваат со неа.  Кога ги слушам  нејзините песни можам само да кажам дека станува збор за вонсериски изведувач од кој извира една уникатност, кон што стреми секој еден уметник. Тоа е естетика својствена само за неа.  Уште при првиот отпеан стих можете со сигурност да кажете дека тоа е Сашка. Неверојатна елеганција, смиреност, а во исто време возбудливост во нејзината сугестивна интерпретација, карактеристична боја на реткиот длабок вокал, јасна дикција и чиста и насочена емисија на тонот. Но, што е најважно, сите тие посебности се обединети во една неверојатна музикалност . Најголемите пејачи практично не пејат, туку според назнаките на композиторот и самите творат музика. Сѐ заедно, Сашка Петковска беше редок вокален интерпретатор, кој оставил длабока музичка трага во нашата културна меморија.”

Петковска пленеше и со стилот. Секогаш храбра во изборот на облека и комплетниот сценски изглед,  таа беше ретка „светска дама“ на регионалната сцена.

Повеќе за ова на линкот.