ТЕРА

REKLAMA???

ЦЕЛ УНИВЕРЗУМ ВО НЕКОЛКУ МИНУТИ ОД ЕГЗИТ 2023

EXIT оваа година го создаде својот единствен Универзум, во кој светлата на рефлекторите беа насочени кон посетителите, а секој поединец е најсјајната ѕвезда, рамноправна со водечките светски изведувачи. Универзум во кој сите се слободни да бидат тоа што се, да бидат среќни и храбри, да веруваат и да мечтаат, да сакаат и да го менуваат светот. „Ехото од овој момент ќе одекнува со векови“ – рече мотивацискиот говорник Обри Маркус на отворањето на фестивалот, а токму од EXIT Универзумот во светот беше испратена високофреквентната енергија на љубовта и слободата. Во исчекување на следното издание на фестивалот, кое ќе се одржува од 11 до 14 јули 2024 година, EXIT преку официјалното aftermovie видео претставува дел од својот универзум.

Соѕвездието сочинето од преку 200.000 најсјајни ѕвезди го направи EXIT Универзумот целовит, единствен, посебен и магичен, со енергијата која секој поединец ја донесе на Тврдината. Нивното меѓусебно вкрстување, заедничките искуства, прегратките, бакнежите, моментите кои ги живееја во живо и спомените кои заедно ги креираа, донесоа повеќедимензионално музичко, духовно и космичко искуство, кое ги достигна границите на универзумот – буквално, со првото отворање на фестивалот од вселената.

 
EXIT Универзумот беше комплетиран со емотивното повторно соединување со култниот бенд The Prodigy, прославата на 50 години хип-хоп со најголемата рап група на сите времиња Wu-Tang Clan, ѕвездените проникнувања кои ги донесоа Skrillex, Eric Prydz, Dimitri Vegas & Like Mike, Alesso, Nina Kraviz, Indira Paganotto, Amelie Lens, Keinemusik, Viagra Boys и многу други, како и со секој поединец, секоја најсјајна ѕвезда, обединети во пораките за љубов и слобода!
 
Со оваа енергија, со бескомпромисната доверба и поддршка од изведувачите, публиката и фановите на фестивалот кои цврсто стојат покрај него веќе повеќе од две децении, EXIT сигурно чекори во 2024 година, кога од 11 до 14 јули уште еднаш ќе стане омиленото место за собирање на посетителите од целиот свет. Влезниците за EXIT 2024 официјално ќе бидат пуштени во продажба во вторник, 10 октомври точно на пладне!