Израелската затворска служба соопшти дека 39 палестински затвореници биле ослободени вчера според условите на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
Соопштението дојде откако 13 израелски заложници беа ослободени на палестинската територија според договорот, заедно со тројца Тајланѓани и еден човек со двојно – руско-израелско – државјанство.
Четиригодишното американско девојче е безбедно во Израел откако беше ослободено во неделата од заробеништво во Газа, рече американскиот претседател Џо Бајден, барајќи да се продолжи паузата во борбите Израел-Хамас за да се овозможи повеќе ослободување заложници.
„Таа е слободна и сега е во Израел“, рече Бајден.
„Таа помина низ страшна траума“, рече Бајден за Абигејл, чии родители беа убиени од милитантите на Хамас кога членовите на исламистичката група го нападнаа Израел на 7 октомври. Во петокот во заробеништво, таа го одбележа четвртиот роденден, рече претседателот.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пристигна во Тел Авив во дводневна посета на Израел на покана на неговиот израелски колега Исак Херцог. Со Штајнмаер патува и претседателот на Бундестагот Бербел Бас.
Патувањето се смета за посебен знак на солидарност со Израел. Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер, која исто така пристигна во Израел, се блиски пријатели на Херцог и неговата сопруга.
За денеска се планирани политички разговори меѓу двајцата претседатели.
Германскиот претседател ќе ги посети и Оман и Катар.
МИА












