ТЕРА

REKLAMA???

КК САМУРАЈ СОБРА ОСУМ МЕДАЛИ НА БАЛКАН БЕСТ ФАЈТЕРС ВО ЈАГОДИНА

Кикбоксерите oд Македонија освоија 117 медали – 32 златни, 34 сребрени и 51 бронзен на Меѓународниот турнир Балкан бест фајтерс во Јагодина, Србија. Македонија е прогласена за најдобра екипа за ринг и за татами.

КК Самурај од Битола блесна со три златни, две сребра и три бронзи. Сара Стојановска, Љупчо и Леа Бошевска, Весна Цветковска и останатите битолски бисери се вратија со најдобри резултати во нивните кариера.

Македонија настапи со 191 кикбоксер, а има 211 натпреварувачки влезови.