Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, денеа на посебна свеченост по повод освоената трета титула во Европскиот шампионат во ридско-планински трки, го претстави новото возило за наредната сезона.
Станува збор за автомобил од марката – „Ферари“ со кој ќе се обиде повторно да ја радува македонската спортска јавност во наредниот шампионат.
Нашиот автомобилист оваа година ја освои третата титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.












