Поп-пејачката Лара Иванова ја промовираше новата песна „Ме сакаш кога ме немаш”, за која сними и спот. Режисер е Томислав Живковиќ, а пејачката вели дека ѝ се исполнила желбата спотот да биде во стилот на 1990-тите. Музиката и текстот се на Иванова и на Лазар Цветковски.
За една година, песната „Бела“, која Иванова ја пее во дует со Христијан Настески-Пајак, стигна до 26 милиони прегледи на Јутјуб. Со оваа песна, тие настапија на минатогодипниот Макфест, а годинава ја добија наградата за најслушана песна меѓу двата фестивали.


















