ТЕРА

REKLAMA???

14 ЗАГИНАТИ И 25 ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕ НА ФАКУЛТЕТ ВО ПРАГА

Вооружен напаѓач вчера уби 14 луѓе и рани десетици други на филозофскиот факултет на Карловиот Универзитет во центарот на Прага, изјавија за новинарите чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан и началникот на полицијата Мартин Вондрашек, опишувајќи го настанот како „длабока“ трагедија која „ќе има многу последици“.

„Чешка никогаш не доживеала таков чин“, рече Ракусан, додавајќи дека нема индикации дека пукањето имало каква било поврзаност со меѓународниот тероризам.

Полицијата првично соопшти дека загинале повеќе од 15 луѓе, но Вондрашек подоцна појасни дека има 14 жртви, додека 25 лица се ранети, од кои 10 тешко. Не беше јасно дали најновото ажурирање на бројот на загинати го вклучува и напаѓачот.

Вондрашек рече дека напаѓачот најверојатно се самоубил, но истакна дека полицијата употребила огнено оружје против него, па истрагата е во тек за да се открие што точно ја предизвикало смртта на пукачот.

Прелиминарните истраги велат дека напаѓачот бил 24-годишен студент на Универзитетот.

Чешката Република ја прогласи сабота за национален ден на жалост откако вооружен напаѓач уби 14 лица и рани 25 на универзитет во Прага.

Претседателот Петр Павел ја изрази својата „голема тага“ и „беспомошен гнев поради целосно непотребното“ губење на животот.

Вооружениот напаѓач, за кој полицијата соопшти дека е „елиминиран“, се верува дека го убил и својот татко и можеби е поврзан со смртта на две лица минатата недела.