ТЕРА

REKLAMA???

НАД 80 ЗАГИНАТИ ВО СИНОЌЕШНИТЕ НАПАДИ ВРЗ ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА ГАЗА

Израел ги засили воздушните напади во јужниот дел на Појасот Газа, каде што се очекува на заложниците што ги држи Хамас да им се достават лекови, и хуманитарна помош за палестинското население, согласно договорот постигнат со посредство на Катар и Франција.

Очевидци синоќа соопштија за напади во близина на болницата Насер во Кан Јунис, главниот град на југот, каде, според Израел, се кријат локални лидери на палестинската организација Хамас.

Напредувањето на израелските сили кон најголемата болница во Кан Јунис предизвика бегство на пациентите и на оние што се кријат во неа, што новинарите го снимија на камера.

Израелската војска претходно соопшти дека Хамас неодамна извршил напад од комплексот на болницата.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека 81 лице загинало во нападите во текот на изминатата ноќ во Кан Јунис и други области низ Газа.