ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБАТА „ПОЕМА НА АТОМИТЕ“ ПРЕЗЕНТИРАНА ВО БИТОЛА

Во Офицерскиот дом во Битола, пред голем број на љубители на ликовната уметност,  беше отворена изложбата “Поема на атомите“ на Благојче Петровски .На истата беа претставени 50-тина дела.

За изложбата и делата на Петровски зборуваше и историчарот на уметност, графичарот, ликовниот критичар Владо Ѓорески. Авторот Петровски се заблагодари на организаторите и присутните и истакна дека изложбата ја подготвувал од крајот 2022 година. Рече дека битолската публика знае да го цени и да го почитува уметничкиот израз, имајќи толку богато културно наследство кое секако влијае на вкусот како важен дел од идентитетот на битолчани. За изложбата истакна дека е инспирирана од древната поезија на Руми, легендарниот поет и мистик од 13 век.

За истата рече дека во времето кога фреквенциите на стрес и негативните енергии преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. Точно таа потреба најде израз во овие дела на оваа изложба насловена како „Поема на атомите“ за кои верува и се надева дека придонесуваат кон ако не прочистување тогаш барем амортизирање на нашето секојдневие. Делата на Петровски за прв пат беа изложени на 10. декември во галеријата „Ко-ра“ во Скопје во рамките на заедничкиот настан со оперската пејачка Биљана Бајевска посветен на арии и дуети од операта „Травијата“, потоа изложбата беше презентирана и во Кавадарци во домот на културата „Иван Мазов – Климе“.

Благојче Петровски е роден во Битола. Сликарски твори последните триесетина години, најмногу во сферата на иконографијата и во сферата на сопствените размислувања и интерпретации на темите, естетиката и импресиите на повеќеслојните состојби во кои постои. Учесник е на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија и надвор од земјата од периодот од 1997 па се до денес. Беше дел од групата која го сликаше прекрасниот фрескоживопис на црквата СВ. Димитрија во Кавадарци .