Најмалку четири лица загинале во пожар што зафатил станбен блок од повеќекатници во шпанскиот град Валенсија, пренесува „Гардијан“.
Една 14-катница во Валенсија беше зафатена во огромен пожар, а пожарникарите се боеа со него за да ги спасат луѓето заробени во становите.
Две лица се обиделе да побегнат преку балкон, а пламенот бил толку силен што зафатил уште една зграда во комплексот и се проширил.
Пожарникарите успеале да спасат татко и ќерка кои биле на балкон за да го избегнат пожарот.
Повредени се 14 лица, меѓу кои шест пожарникари и едно мало дете. Сè уште се трага по 19 лица кои моментално се водат како исчезнати.











