Долго трае, има непотребни навидум комични моменти, непотребно свирење за краток говор кога се испраќаат политичко-општествени пораки, но ноќта на Оскарите е најдобро рекламираната, долгочекувана манифестација и многу гледана телевизиска програма.
Често има демонстрации или актерите отворено и гласно поддржуваат или критикуваат одредена политика. Годинава – на војната во Израел/Палестина и Украина не се осврна никој.
Ниту за правата на домородните народи во земјите од светот, што беше очекувано заради филмот за домородниот народ Осака. Се одбележа храброто спротивставуање на сите во американската филмска индустрија на користењето вештачка интелигенција за сценарио и актери.
Доделувањето на Оскарите по традиција го привклекува вниманието на филмскиот и телевизискиот свет. Се работи за големо шоу на телевизиската станица Еј-Би-Си кое годинава беше посветено и на публиката којашто се воодушеви од филмот „Барби“ и на т.н сериозните филмски остварувања кои се осврнуваат наназад, снимаат сегашност и предлагаат промени во светот и општествата.
96 то издание на изборот на најдобри филмови, актери, режисери и сите други професии дел од филмската индустрија ги потврди предвидувањата:
„Опенхајмер“ – филмот за творецот на атомската бомба е прогласен за најдобар филм за 2023 година, а освои седум оскари. Главниот лик што го играше актерот Килијан Марфи ја освои наградата за најдобра улога во машка категорија. Роберт Дауни Џуниор за истиот филм доби Оскар за споредна машка улога,
Наградата за најдобра женска улога во 2023 година ја доби Ема Стоун, во филмот „Бедни суштества“, филм кој освои оскари за шминка и коса, продукциски дизјан и костимографија.
Да-Вин Џој Рендолф естана 19 црна актерка која доби Оскар за најдобра женска споредна улога.
Британскиот „Зона на интерес на Џонатан Глејзер доби оскар за најдобар филм од неамериканско говорно подрачје, а се тркаше и со големите. Филмот „Дваесет дена во Мариопол“беше награден како најдобар документарец.
Секој од добитниците на Оскар беше претставен и ја доби статуетката од својот претходник од ланската година, направена беше ода за каскадерите, поздравен шрајкот на техничкиот персонал, а споменот на заминатите започна со инсерти од починатиот руски политичар Алексеј Навални. Академијата состави и видео пакети со сцени од филмови што ја вклучи долготрајната филмска историјата.
Познавачите и критичарите на ова шоу тврдат дека доделувањето на оскари годинава било без идентитет, па денеска извираат коментари со прашања „Дали е ова шоу за сите или само за тврдокорните?“, „ Дали Холивуд се врати и е подобар од кога било, или го загуби чувството за идентитет?“ Во последните 24 часа критичарите мора да бидат задоволни со одговорот на режисерот Крис Нолан, кој кажа дека во историјата од 100тина години, „којзнае каде“ филмот ќе го однесе човештвото. “


















