Израелската управа за аеродроми (ИАА) соопшти дека воздушниот простор на Израел ќе се затвори од 12:30 часот, поради иранскиот напад врз Израел.
Либан најави привремено затворање на својот воздушен простор, поради заканите за ирански напад врз Израел, јави либанската телевизија Ал Џадед.
Ирак соопшти дека го затвора својот воздушен простор и го прекинува целиот воздушен сообраќај откако Иран изврши напад со дронови врз Израел.
Јордан привремено ќе го затвори својот воздушен простор за сите авиони кои влегуваат, заминуваат и транзитираат, јавуваат агенциите.
И Сирија најави затворање на својот воздушен простор.












