ТЕРА

REKLAMA???

ХАГАРИ: ИРАН ИСТРЕЛА ПОВЕЌЕ ОД 300 ДРОНОВИ И ПРОЕКТИЛИ КОН ИЗРАЕЛ

Експлозии и сирени за воздушен напад се слушнаа во Израел рано утринава откако Иран истрела стотици беспилотни летала, балистички крстосувачки ракети во директен напад, објавија израелските медиуми.

Иран истрела повеќе од 300 дронови и проектили, 99 отсто беа пресретнати, рече портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари.

Иранските власти испратија порака до официјален Вашингтон преку Швајцарија, предупредувајќи дека американските бази ќе бидат цел на ирански напади доколку САД поддржат израелска одмазда за синоќешните воздушни напади на иранските вооружени сили, објави денеска иранската државна телевизија.

Светот изрази голема загриженост поради иранскиот напад врз Израел.