ТЕРА

REKLAMA???

ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА И НАТАМУ СЕРИОЗНА

Полицијата во Словачка го идентификуваше 71-годишниот Ј.Ц. кој со пиштол, што законски го поседувал, го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо.

Напаѓачот веднаш по нападот бил приведен од полицијата.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

„Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо е стабилизирана, но и понатаму е сериозна“, изјави утрово словачкиот министер за одбрана

Словачките медиуми јавуваат дека тој извикал „Робо, дојди овде!“ пред да го застрела Фицо, кој им пријде на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, 150 километри од Братислава.

Лидерот на словачката левица беше назначен за премиер на Словачка по четврти пат на крајот на октомври 2023 година, откако во предизборната кампања вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и го критикуваше воведувањето санкции против Русија.

МИА