ТЕРА

REKLAMA???

ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА, ВО СОМБОР ЗАГИНА ЕДНО ЛИЦЕ

Невреме пропратено со град и силен ветер вчера и ноќеска ја парализираше Србија. Жена загина во Сомбор, кога дрво паднало врз возилото што го управувала. Пожарникарите Испасувачи од Ужице во текот на денот евакуирале пет лица и двомесечно бебе од поплавен автомобил на делот од патот Врела-Љубања во населба Златибор.

По вчерашните невремиња кои зафатија повеќе делови од Србија, денеска се отстрануваат последиците, а во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба.

Градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац, изјави дека водостоите на Рашка, Јошаница и Трнавица се зголемени, а на некои места тие реки се излеале од коритата.

Најобилни врнежи придружени со град имаше во Мачва, Бачка, Срем, и во Златибор.

Како што најавуваат метеоролозите и денеска попладне во Србија ќе важи портокалова метеотревога и попладне повторно ќе има услови за невреме.