ТЕРА

REKLAMA???

12 ЗАГИНАТИ И 43 ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА ВО НАПАД НА ХАРКОВ

Најмалку 12 лица загинаа, а 43 се повредени во вчерашниот руски напад на хипермаркет за градежни материјали во украинскиот град Харков, соопшти денеска обвинителството на Украина.

Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија.

Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад стотици метри во воздухот.

Според локалното обвинителство, телата на десет од 12-те жртви се уште не се идентификувани.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека во моментот на рускиот напад во хипермаркетот имало околу 120 луѓе