ТЕРА

REKLAMA???

ПРОТЕСТ И БЛОКАДА ВО НОВАЦИ, СЕ БАРА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ

Густ сообраќај на товарни камиони и патнички возила. Ваква е состојбата во населените места Логоварди и Новаци. Сообраќајните знаци кои ја регулираат брзината на движење на возилата, жителите велат скоро никој не ги почитува, а во последните неколку години се позачестени биле тешки товарни камиони. Проценките се дека 200 камиони денот се движат „наваму-натаму“.

Опасноста од ризичното движење ги натера жителите на Новаци и денеска да протестираат.

„Протестираме затоа што сме незадоволни како сите моторни возила минуваат низ нашето населено место Новаци и низ сите други населени места,к поради несоодветната брзина со којашто се движат и пролемите коишто се случуваат.“ рече  Даниел Петровски од  иницијативниот одбор за овој протест.

Новаци се протега на два километри на главниот пат, 90% од куќите се на главниот пат , секој кога ќе слушне квичење се ежи , од деца ни велеа да внимаваме, и ние на нашите деца ќе им кажуваме да внимаваат. Клучно е возачите да внимаваат, ние знаеме дека тие мора да работат, но мора да внимаваат вели Даниел.

Поводот за ваквата реакција е сообраќајната незгода со смртна последица пред 10 дена, но причината извира од долгогодишниот проблем со кој новачани жаивеат. „На внимание“’ ги  воспитуваат децата, но и живеалиштата се во потенцијална опасност од тешките камиони кои го нагазуваат тлото па ја нарушуваат статиката, а се карактеристични во последните три години вели градоначалникот Стевче Стевановски.

„Дневно поминуваат повеќе од 200 камиони што претставува голем проблем За овој пат којшто води од Битола и е главна сообраќајница на поврзување на овој дел од Пелагонија ова претставува огромен товар и голема несигурност и небезбедност во сообраќајот. „ – вели градоначланикот

Патот е регионален, општината нема ингеренции, а младите новачани бараат итна реакција на сите надлежни институции. Сите се едногласни во размислата дека животот би им бил ослободен од страв, ризик и штетни последници доколку се направи обиколница.

„Барањата се пред се да се направи обиколница којшто ќе го избегне Новаци со движење на тешки товарни возила кои ќе водат до електро-енергетскиот комбинат РЕК Битола ако во иднина се планира на ваков начин да се снабдува со јаглен којштп знаете досега владата го обезбедиуваше од увоз од соседните земји, а не се презедоа мерки да се експлоатира , ископувба нашиот јаглен, тогаш, главното решение би било да се направи соодветна сообраќајница којашто ќт го обиколи село Новаци и другите населени места коишто се попатно на оваа сообраќајница.“ – вели градоначалникоит Стевановски.

Сообраќајното решение не е решение, сметат младите кои протестираат и велат ќе ги продолжат протестите се додека нема видлива промена на нивните барања.  Општината во рамките на реалзиацијата на проектот за регионална депонија има предлоз за обиколница која може да се искористи и за товарните камиони наменети за енегретскиот комбинат. Но, градоначалникот денеска изрази незадовослтво од развојот на овој проект. Објасни дека од лани по неколку седби со надлежните министерства, сеуште нема ништо од реализација и дека во моментов проектот е во мирување. „Најбрзото што може ние да го направиме е изработката на ново сообраќајно решение . Имајќи предвид дека и сега постојат сообраќајни значи коишто треба да се почитуваат и го регулираат сообраќајот, но , изрбаотуваме решение со светлеќка вертикална и хоризонтална сигнализација“ – рече Стевановски.

„Бараме поставување на успорувачи на брзина, поставување на соодветна светлосна сигналиузација, поставување на радар камери и опремување на новачката полиција со радар и дрегер“ – вели Даниел Петровски.

Протестот е апел за сите возачи кои се упатиле кон Новаци или од Новаци кон светот , да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци: во населено место во целата држава се вози со максимална брзина од 50 километри на час, а на некои места тоа треба да биде 40 или пак 30.

Жителите очекуваат промени, во спротивно и во следниот период ќе има многу вакви ситуации.