ТЕРА

REKLAMA???

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА, А 30 СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ БЕЛГРАД

Едно лице загина, а 30 се повредени во судир на автомобил и автобус во близина на Мали Пожаревац, околу 40 километри јужно од Белград

Утрово во 5 часот и 40 минути на пристапниот пат што води од Младеновац до автопатот и клучката Мали Пожаревац кон Белград, во судир на автобус на приградската линија 493 и патнички автомобил загинал возач на патничко возило.

На местото на настанот пристигнале три екипи на Брза помош од Младеновац. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.

Министерот за здравство Златибор Лончар ги посети повредените во сообраќајната несреќа што се случи кај Мали Пожаревац.

МИА