ТЕРА

REKLAMA???

ЕУ ГО ПОДДРЖУВА ПЛАНОТ НА БАЈДЕН ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА

Европската Унија дава целосна поддршка на сеопфатниот патоказ предложен од американскиот претседателот Џо Бајден, кој би довел до траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници и доставување на повеќе хуманитарна помош за Газа, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

„ЕУ ги цени решителните напори на САД, Египет и Катар за олеснување на преговорите за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, истовремено гарантирајќи ја безбедноста на Израел, на која ЕУ останува целосно посветена“, наведува Борел во писмената изјава.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика палестинското исламистичко движење Хамас, „чија одговорност е огромна“, да го прифати договорот за прекин на огнот предложен од неговиот американски колега Џозеф Бајден, соопшти Елисејската палата.

Вчера израелска делегација отпатува во Каиро за да разговара за нацрт-предлогот за прекин на огнот и размена на заробеници во Појасот Газа, што е под интензивни израелски воени напади од 7 октомври.

За време на разговорите, делегацијата ќе го соопшти ставот на Израел за новата понуда за прекин на огнот и ослободување на затворениците, објави либанскиот весник „Ал-Ахбар“, повикувајќи се на египетски извори.

Изворите тврдат дека договорот би можел да стапи на сила веќе следната недела поради притисокот на САД врз Израел и регионалните дипломатски напори.